Пракса во ИТИС ДООЕЛ Скопје

Објавено: ноември 26, 2018

Објавено на 26.11.2018

 


INSTITUTE FOR TECHNICAL INSPECTION AND CERTIFICATION

www.itis.com.mk

Компанијата ИТИС ДООЕЛ Скопје е акредитирано инспекциско тело од ИАРМ за инспекција на електро енергетски постројки. Покрај инспекциските активности во Р. Македонија, се занимава и со теренски испитувања, надзор при фабрички испитувања и пуштање во работа на електроенергетска опрема на глобално ниво.

ИТИС отвора повик за платена пракса, со можност за идно вработување.

Кандидатот треба да ги исполни следните услови:

  • Да биде во 3та или 4та година студии
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Студентот да биде од ЕЕС, ЕЕУМ или ЕАОИЕ студиска насока
  • Да има желба за стекнување нови знаења и вештини;
  • Самоиницијативност, посветеност, амбициозност, организираност и одговорност
  • Возачка дозвола Б-категорија

ИТИС нуди:

  • Динамична и интересна работна средина со амбициозен тим
  • Континуирано усовршување
  • Можност за учество на меѓународни проекти
  • Слобода за размислување и идеи (конструктивни и креативни)

Доколку се пронаоѓате и се чуствувате спремни за понудената пракса, пратете ни Ваше CV, листа на слушани предмети (print screen од “iknow” систем) и наведете го периодот за кој сте заинтересирани за обавување на праксата, на е-маил адреса: info@itis.com.mk