Сребрени партнери


Водечка компанија во Австрија

Инфинеон Технолоџис Австрија АГ е подружница на Инфинеон Технолоџис АГ, која е светски лидер во производство на полупроводнички елементи со кои го прават нашиот живот полесен, побезбеден и почист. Микроелектрониката од Инфинеон ја намалува потрошувачката на енергија во домаќинствата, индустријата и кај електрониката за секојдневна употреба. Нашите производи имаат голем придонес во погодноста, сигурноста и одржливоста на возилата и овозможуваат сигурен пренос на податоци во Интернет на Нештата.

Инфинеон Австрија соединува висока експертиза за истражување и развој, производство, како и глобална деловна одговорност. Седиштето е во Филах со додатни центри во Грац, Клагенфурт, Линц и Виена. Со 4,820 вработени од 73 држави (вклучувајќи 2,100 вработени во истражување и развој), во финансиската година 2021 (заклучно со септември), компанијата имаше обрт од 3.9 милијарди евра. Со инвестиции за истражување од 516 милиони евра, Инфинеон Австрија е една од најсилните компании за истражување во Австрија.

 


Логинг Електронис, Македонски Бренд основан во 1997 година кој постои за да ја поттикне СВЕСТА НА ЛУЃЕТО ЗА ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО НАСОКА НА НЕЈЗИНА ПОШИРОКА ПРИМЕНА ВО СЕКОЈДНЕВИЕТО.

Професионалци кои ги следат светските промени во технологијата и електрониката, завземаат прво место во дистрибуција на новитетите од овие области, и градат цврст однос со клиентите заснован на доверба и целосно потврдување на досегашното работење.

Oсновна дејност им претставува продажбата, услугите и дистрибуцијата на производи во три основни области:

  1. Индустриска и телекомуникациска мерна опрема;
  2. Електронски компоненти, алат, кабли и конектори;
  3. Мултимедија и паметно живеење.

Овластени дистрибутери за: Fluke, Janitza, Metrel, Mikroelektronika, Tektronix, Weller, Tasker, Cembre, RND, Neutrik, Raspberry, Nedis, Goobay, Logitech…


SISKON е инженеринг компанија која работи во поле на интегрирани автоматизирани системи, комплетна автоматизација на електро-енергетски системи кои се користат за управување на процеси во индустрија, електрани, рударство, трафостаници итн. – реализирањето на системите е по систем “Клуч на рака”.
SISKON е основан во 1995 и од тогаш успешно работи и се развива на принципите на знаење, квалитет, промптност и фер однос. SISKON е дистрибутер на следните компании на македонскиот пазар: SIEMENS, RITTAL, Phoenix Contact, Lapp Kabel, Klauke/Greenlee, Carlo Gavazzi.
SISKON е Siemens Advanced VAR Partner за Автоматизација во Енергетика и е ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 and ISO 45001:2018 сертифицирана компанија.