Студентски правобранител

Студентскиот правобранител на Универзитетот е уникатна функција во академската заедница воведена со Законот за високо образование ( Службен весник на Република Македонија бр. 82/2018 ). Студентскиот правобранител се избира од редот на редовните студенти заради решавање на прашања кои произлегуваат од академските односи, како и заштита на правата на студентите утврдени со закон и акти на Универзитетот и Факултетот.
Целта на функцијата е заштита на студентските права и интереси исклучиво во рамките на академската заедница.
Студентскиот правобранител постапува по поднесок од страна на студент или по сопствена иницијатива.
Органите на Факултетот се должни да постапат по укажувањата на студентскиот правобранител.

Тој во рамките на своите надлежности е овластен:

  •  да посредува во спорови меѓу студентите и органите на Универзитетот, студентите и член на академската заедница на Универзитетот;
  • да дава препораки во конкретни случаи со цел разрешување на спорови;
  •  да презема дејствија за кои е надлежен и по сопствено наоѓање.
  • да ги става на јавна дискусија прашањата поврзани со системот на заштита на студентските права и нивно кршење;
  •  да соработува со домашни и странски владини и невладини институции и
  • да врши и други надлежности доделени од Сенатот на Универзитетот или од УСС.

При вршењето на својата работа, студентскиот правобранител се води од принципите на непристрасност, недискриминација, доверливост, достапност, одговорност, отчетност и законитост.

За Студентски правобранител на ФЕИТ – заменик Студентски правобранител на УКИМ е избран Стефан Наумоски – студент од трета година на насоката КХИЕ.

Стефан доаѓа на оваа позиција како поранешен член од редот на студентите на Наставно Научниот Совет ( ННС ) на ФЕИТ во академската 2018 / 2019, како и поранешен член на Дисциплинската комисија на Факултетот во академската 2019 / 2020.
Исто така, тој е и студент – демонстратор по предметот Електромагнетика. Дополнително членува во IEEE и е претседател на EDS – SSCS студентскиот оддел на IEEE – Македонија.
Неговиот мандат на функцијата заменик Студентски правобранител е со времетраење од две години.



Контакт адреса: stefann@feit.ukim.edu.mk
Контакт телефон: 075-203-673