Апликации за мобилни уреди

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Апликации за мобилни уреди

2.    Код

3ФЕИТ12З005

3.    Студиска програма

КТИ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Даниел Денковски, Д-р Славче Пејоски

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Развој на серверски WEB апликации

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Вовед во мобилни комуникации. Карактеристики на апликации за мобилни уреди. Запознавање со iOS оперативниот систем и соодветната развојна околина за мобилни уреди. Работа со базични елементи за развој на апликации. Користење на алатки за графика, гестикулации, локациски сервиси, навигација, визуелни ефекти, итн.

11.    Содржина на програмата: Вовед во мобилни комуникации. Карактеристики на различни генерации на мобилни системи. Карактеристики на апликации за мобилни уреди. Вовед во iOS. Xcode и Swift. Дизајн на GUI. Аспекти и работа со multitouch гестикулации. Употреба на MVC;  Работа со View Controller. Работа со повеќе нитки. Анимации и известувања. Аспекти на Core Motion, Core Location. Мапи за навигација. Визуелни ефекти.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

30

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби

20.  Начин на полагање на испитот

Еден парцијален писмен испит во текот на семестарот (на половина од семестарот) во времетраење од 120 минути или еден завршен писмен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути. Секој студент мора да изработи самостојно задолжителна проектна задача. Студентот може да изработи дополнителен самостоен проект. Во конечната оцена влегуваат поените од писмениот испит и проектната задача, а доколку е изработен самостоен проект и тие поени. За време на испитот е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, но не и електронски уреди

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.  Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Christian Keur, Aaron Hillegass iOS Programming(5th Ed.) Big Nerd Ranch 2015

2

Matt Neuburg iOS 10 Programming Fundamentals with Swift: Swift, Xcode, and Cocoa Basics O’Reilly Media 2016

3

Jeff McWherter, Scott Gowell Professional Mobile Application Development Wrox 2012