Апликативен софтвер во ЕЕС

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Апликативен софтвер во ЕЕС

2.    Код

3ФЕИТ09Л002

3.    Студиска програма

ЕЕС

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Александра Крколева Матеска

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување основни знаења за развивање и примена на софтверски решенија во електроенергетски системи. Способност за разбирање и решавање на различни проблеми од областа на електроенергетски системи со развиени софтверски решенија и со специјализирани софтверски алатки.

11.    Содржина на програмата: Основи на работа со MATLAB/Simulink. Работа со низи, матрици, цртање елементарни функции. Циклуси, функции, скрипт датотеки. Логички операции. Компјутерско решавање на едноставни електроенергетски мрежи со примена на методи на независни напони и контурни струи. Компјутерско решавање на распределба на моќности во радијални и јамкасти мрежи. Компјутерско решавање на куси врски. Решавање на едноставни преодни процеси. Решавање на едноставни електроенергетски мрежи со примена на специјализирани софтверски алатки.

12.    Методи на учење: Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на предавањата и вежбите.

20.  Начин на полагање на испитот

Испитот се полага преку два парцијални испита (по 120 min) или завршен испит (120 min).
Студентот треба да ги изработи предвидените домашни задачи и проекти и да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот.
Полагањето на парцијалните испити/завршниот испит се состои од решавање на задачи со користење на изучуваните софтвери/алатки. Завршната оценка се определува врз основа на поените добиени од испитите, домашните задачи и проектите, според соодветни тежински коефициенти.
Испитот се полага на компјутер (во компјутерските лаборатории на факултетот). Не се дозволува пристап до компјутерската мрежа, ниту пак пристап на интернет. Се дозволува користење на вградената поддршка во самиот софтвер

21.   Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Р. Ачковски Апликативен софтвер во ЕЕС (интерна скрипта) Интерна скрипта 2012

2

J. Arrillaga, N. R. Watson Computer Modelling of Electrical Power Systems John Wiley & Sons 2001

3

W. Y. Yang et. al Applied Numerical Methods Using Matlab John Wiley & Sons 2005

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

B. Hahn, D. T. Valentine Essential Matlab for Engineers and Scientists Elsevier 2007