Апликативен софтвер во ЕЕС

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Апликативен софтвер во ЕЕС
2. Код 4ФЕИТ09З001
3. Студиска програма ЕЕС
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/5 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Александра Крколева Матеска
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електрични кола
Ислушани: Електрични мрежи
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување компетенции за развивање и примена на софтверски решенија во електроенергетски системи. Способност за разбирање и решавање на различни проблеми од областа на електроенергетски системи со развиени софтверски решенија и со специјализирани софтверски алатки.
11. Содржина на програмата: Основи на работа со GNU Octave/Matpower/Python. Работа со низи, матрици, цртање елементарни функции. Циклуси, функции, датотеки. Логички операции. Компјутерско решавање на едноставни електроенергетски мрежи со примена на методи на независни напони и контурни струи. Компјутерско решавање на распределба на моќности во радијални и јамкасти мрежи. Компјутерско решавање на куси врски. Решавање на едноставни преодни процеси. Решавање други проблеми поврзани со работата на ЕЕС. Решавање на едноставни електроенергетски мрежи со примена на специјализирани софтверски алатки.
12.Методи на учење Теоретска настава, лабораториски вежби, програмски задачи и домашни.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 0 + 2 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 70
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и лабораториските вежби.
20. Начин на полагање на испитот Испитот се полага преку два парцијални испита (по 120 min) или завршен испит (120 min).
Студентот треба да ги изработи предвидените домашни задачи и проекти и да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот.
Полагањето на парцијалните испити/завршниот испит се состои од решавање на задачи со користење на изучуваните софтвери/алатки. Завршната оценка се определува врз основа на поените добиени од испитите, домашните задачи и проектите, според соодветни тежински коефициенти.
Испитот се полага на компјутер (во компјутерските лаборатории на факултетот). Не се дозволува пристап до компјутерската мрежа, ниту пак пристап на интернет. Се дозволува користење на вградената поддршка во самиот софтвер.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкета
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 J. Arrillaga, N. R. Watson Computer Modelling of Electrical Power Systems John Wiley & Sons 2001
2 G. Kusic Computer-Aided Power Systems Analysis Routledge, CRC Press 2009
3 Р. Ачковски Апликативен софтвер во ЕЕС (интерна скрипта) 2012
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 B. Hahn, D. T. Valentine Essential Matlab for Engineers and Scientists Elsevier 2007
2 W. Y. Yang et. al Applied Numerical Methods Using Matlab John Wiley & Sons 2005