Автоматизација на згради

Последна измена: јули 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Автоматизација на згради
2. Код 4ФЕИТ01001
3. Студиска програма 6-АРСИ,14-ЕСОР
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Душко Ставров
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Стекнување на адекватно знаење за влијанието на автоматизацијата на зградите на енергетската потрошувачка, како и за мерките за подобрување на енергетската ефикасност и обезбедување на одржлива иднина. Оспособен за унапредување на енергетската ефикасност и подобрена функционалност на станбено деловните објекти. Примена на обновливите извори на енергија во автоматизацијата на згради.

11. Содржина на програмата:

Вовед во интелигентни системи за управување со интелигентни згради. Системи за управување со згради. Потсистем за управување со греење и ладење. Потсистем за управување со осветлување. Потсистеми за управување со контрола на пристап и видео надзор. Потсистем за заштита од пожар. Сензори и извршни елементи кои се користат во автоматизацијата на згради .Централна управувачка станица на системите за автоматизација на згради. Принципи на управување со енергијата во интелигентните згради. Вмрежување на системите за автоматизација на згради. Користење на обновливи извори на енергија за зголемување на ефикасноста при автоматизација на згради.

12. Методи на учење:

Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, студија на случај, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
 17.1 Тестови 0 бодови
 17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
 17.3. Активност и учење 0 бодови
 17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Успешно завршена проектна задача
20. Начин на полагање на испитот

Предвидена е проектна задача, која студентите треба да ја изработат и презентираат во текот на семестарот. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит и/или завршен усен испит. За студентите кои го положиле завршниот испит, и кои претходно, за време на семестарот ја изработиле и презентирале проектната задача, се смета дека го положиле предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од завршниот испит и поените добиени од проектната задача.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. By Barney L. Capehart, Lynne C. Capehart Web Based Energy Information And Control Systems: Case Studies And Applications The Fairmont Press, Inc. 2005
2. CIBSE, CIBSE Guide H Building Control Systems Butterworth-Heinemann 2000
3. G. J. Levermore Building Energy Management Systems Taylor & Francis 2000