Автомобилска електроника

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Автомобилска електроника
2. Код 4ФЕИТ05Л002
3. Студиска програма КХИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/8 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Љупчо Караџинов
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Оспособување на студентот за разбирање на принципите на работа на електричните и електронските системи во автомобилите; оспособување за анализа, симулирање и проектирање на електронските системи за управување на механичките системи во автомобилите; оспособеност за тестирање и верификација на системите од автомобилската електроника.
11. Содржина на програмата: Вовед. Основни принципи. Автомобилски сензори за притисок, позиција, проток, температура, влажност, брзина, забрзување, кислород, торк, светло и растојание, карактеризација и моделирање, селекција на сензори, интерфејси, меморирање и процесирање на сигналите за специфични апликации. Системи за управување: моделирање на динамичкото однесување, временски и фреквенциски одѕив, методи на автоматско управување, анализа на стабилноста, дискретни и дигитални системи за автоматско управување, проектирање на контролери за автомобилски системи. Примена на уредите од енергетската електроника за управување на електричните мотори и актуатори кај автомобилите. Комуникациони протоколи: анализа и имплементација на комуникационите протоколи, пренос на податоци, кондиционирање на сигналите. Дијагностички протоколи. Електрични и хибридни возила.
12.Методи на учење Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 15
16.2. Самостојни задачи 0
16.3. Домашно учење 90
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изведени и колоквирани лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, времетраење 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит. Студентот треба да изработи семинарска работа/проектна задача/ и истата да ја предаде најдоцна до завршување на наставата.

Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит.

За време на испитот (не) е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Tom Denton Automobile Electrical and Electronic Systems, Fourth Edition Butterworth-Heinemann 2011
2 Nicolas Navet, Francoise Аutomotive Embedded Systems Handbook CRC Press 2009
3 John F. Kershaw Classroom Manual for Automotive Electrical and Electronic Systems Prentice Hall 2007
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 William B. Ribbens Understanding Automotive Electronics, 5-th edition Newnes 2006
2 Ronald k. Jurgen Automotive Electronics Handbook, 2-nd edition McGraw-Hill 2007