1. Наслов на наставниот предмет | Безжични комуникации | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ10Л003 | |||||||
3. Студиска програма | ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Венцеслав Кафеџиски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Ислушан: Дигитални телекомуникации 1 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Студентот ќе се стекне со фундаментални познавања на основните техники на пренос на сигнали по безжични фединг канали (модулации, кодирање, диверзитет), како и понапредните техники на пренос со интелигентни антени и MIMO системи и ќе се оспособи да го анализира функционирањето и да проектира различни постојни и идни безжични телекомуникациски системи. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Поделба на large-scale и small-scale фединг. Слабеење од простирање во слободен простор. Емпириски модели. Засенување. Статистичка карактеризација на временски променливи канали. Рејлиев и Рајсов фединг. Детекција во услови на бавен, рамен фединг. Веројатност на испад. Типови на диверзитет и техники на комбинирање. Заштитно кодирање кај фединг канали: интерливинг и веројатност на грешка. Адаптивен пренос кај фединг канали: адаптивна предавателна моќност, адаптивна модулација, адаптивно кодирање. Клеточни системи. Сигнали со експандиран спектар со директна секвенца и фреквенциско скокање. Модулација со повеќе носители. OFDM и нејзини варијанти. Антенски полиња и интелигентни антени. Типови на антенски полиња. Бимформинг и одредување правец на доаѓање на зрак. МИМО системи – модел на канал и капацитет. Просторно временско кодирање и просторно мултиплексирање. Повеќекориснички пристап – ортогонален и неортогонален. Повеќекориснички МИМО и масивни МИМО системи. | ||||||||
12.Методи на учење Преку предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашно учење, проектни задачи, самостојни задачи, посета на компании и предавања од експерти од стопанството. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 75 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 15 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 15 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 70 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби. За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит. Студентот треба да изработи семинарска работа и истата да ја предаде најдоцна до терминот за испит. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред, освен калкулатор. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Венцеслав Кафеџиски | Безжични комуникации | Интерна скрипта ФЕИТ | 2021 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Андреас Ф. Молиш | Безжични комуникации, 2 издание | Вајли-ИЕЕЕ | 2010 | ||||
2 | Андреа Голдсмит | Безжични комуникации | Кембриџ Универзити Прес | 2005 |