1. Наслов на наставниот предмет | Биомедицинско инженерство | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ05З006 | |||||||
3. Студиска програма | КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Андријана Кухар | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Математика 1 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основните поими во биомедицинското инженерство, добивање основни познавања од анатомијата и физиологијата на човекот, анализа моделирање и симулација на биоелектричните појави и биолошките сигнали, запознавање со методите за детекција и процесирање на истите. Оспособување за примена на алгоритми за процесирање на некои биоелектрични сигнали. Оспособеност за дефинирање и решавање на основните проблеми во работата со биомедицински слики направени со различни методи и уреди – рентген, компјутерска томографија. Магнетна резонанса, ултразвук. Радијациони слики. Оспособување за примена на алгоритми во анализата и процесирањето на биомедицински слики. Запознавање со регулативи и стандарди од оваа област. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во биомедицинско инженерство, основни поими од анатомија и физиологија. Биомеханика. Биоматеријали, инженерство на биолошки ткива. Анализа на биоелектрични појави. Моделирање и симулација на физиолошки системи. Техники за детекција и процесирање на биолошки сигнали, примена на алгоритми во процесирањето на биомедицински сигнали. Биомедицински слики, начини за добивање, уреди за правење на биомедицински слики. Методи за нивно процесирање. Рентген, компјутерска томографија. Магнетна резонанса, ултразвук. Радијациони слики, примена на алгоритми во процесирањето на биомедицински слики. Нумерички методи кои се користат во биомедицинското инженерство. Влијание на електромагнетно поле врз биолошките системи. Примена на инженерски принципи за анализа, модификација и контрола на биолошки системи, етика. Регулативи и стандарди во светот и кај нас. | ||||||||
12.Методи на учење Активно учество во наставата и вежбите, изработка на домашни и лабораториски задачи и тимски проектни задачи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 20 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 20 | |||||||
16.3. Домашно учење | 65 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 30 | |||||||
17.4. Завршен испит | 60 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Изработка на лабораториските вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Студентот може да учествува во изработка на опционална проектна задача која треба да се предаде најдоцна до завршувањето на семестарот. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, изработка на лабораториските вежби и проектната задача. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, изработка на лабораториските вежби и проектната задача. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | J. Enderle, J. Bronzino | Introduction to biomedical engineering, 3rd Ed. | Academic Press | 2012 | ||||
2 | А. Кухар | Предавања по Биомедицинско инженерство | 2018 | |||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | J. Bronzino | The Biomedical Engineering Handbook, 2nd Ed. | Boca Raton: CRC Press LLC | 2000 | ||||
2 | A. T. Johnson | Biology for Engineers | Boca Raton: CRC Press LLC | 2011 |