Бизнис менаџмент во телекомуникациите

Последна измена: март 31, 2021

Предмет: Бизнис менаџмент во телекомуникациите

Код: 3ФЕИТ10004

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Александар Ристески

Цели на предметната програма (компетенции): Се очекува студентот да ги разбира основните концепти од телекомуникацискиот бизнис и економските и регулаторните аспекти на телекомуникациите. Се очекува да ги знае основите за регулатива, анализи на пазарот, менаџмент на проекти, креирање и примена на модели и стратегии за телеком оператори, развој на нови продукти, услуги и пазари и нивна основна финансиска анализа; подготовка на business case. Се очекува да биде подготвен да се занимава и со научно-истражувачка работа во овие области.

Содржина на предметната програма: Преглед на развојот на телекомуникацискиот бизнис, технологии и сервис. Регулативата како рамка за делување на телекомуникациските компании. Монопол и конкуренција. Сегментација на телеком пазарите. Бизнис модели на организација на телеком оператори. Елементи на телекомуникациски бизнис менаџмент: менаџмент на проекти/процеси, човечки ресурси, одлуки, ризици, брендови, сигурност итн. Стратегии за развој и планирање на телекомуникациски бизнис. Истражување и технолошки развој. Патентирање. Развој на нови продукти и сервиси. Финансиски анализи. Подготовка на business case. Елементи на бизнис план. Маркетинг. Предизвици и деловни можности на нови телеком оператори. Спојувања и аквизиции на телеком оператори. Трендови во телекомуникацискиот пазар. Влијание на подемот на комуникациско-информациските технологии врз трендовите во телекомуникацискиот бизнис и општеството.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 H. M. Schoening Business Management of Telecommunications Prentice Hall 2004
2 S. Majumdar, I. Vogelsang, M. Cave Handbook of Telecommunications Economics, Vol. 1 and 2 North Holland 2006
3 I. Walden Telecommunications Law and Regulation Oxford University Press 2012
Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 R. Esmailzadeh Broadband Wireless Communications Business John Wiley & Sons 2006
2 Јан Валден Телекомуникациско право и регулатива Арс Ламина 2009
3 Статии од меѓународни списанија и зборници на меѓународни конференции, стандарди, препораки, закони и други национални и меѓународни нормативни акти, и друга литература.