Дијагностика и мониторинг на електрични машини

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Дијагностика и мониторинг на електрични машини

Код: 3ФЕИТ02003

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Крсте Најденкоски

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно завршување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со компетенции за: проценка на состојбата на електричните машини и трансформатори; анализа на резулатите од испитувањата; работа со системи за следење во реално време.

Содржина на предметната програма: Методи за дијагностика и проценка на состојбата на електричните машини и трансформатори. Определување на карактеристични електрични, изолациони, вибрациони, акустични и геометриски параметри. Термовизиски испитувања. Критериуми за дијагностика врз основа на карактеристичните параметри.   Системи за следење на работата на електричните машини и трансформатори во реaлно време. Концепт на мониторинг систем за електрични машини. Дефинирање на архитектура на систем за мониторинг на електрични машини. Опрема  и сензори. Мониторинг систем за енергетски трансформатори. Определување на параметри за следење во реално време. Структура на мониториг систем за трансформатори. Микропроцесорски систем за следење на состојбата на трансформатори – опрема и поврзување.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

M. Hammer, M. Šimková, M. Ministr Artificial Intelligence in Diagnostics of Electric Machines Springer Berlin Heidelberg 2009

2

F.A. Sturm Efficient Operations – Intelligent Diagnosis and Maintenance VGB PowerTech Service GmbH, Essen 2003

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

K. Harker System Commissioning and Maintenance Practice The Institution of Electrical Engineers, London, UK 1998