Дигитално процесирање на слика

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Дигитално процесирање на слика

2.    Код

3ФЕИТ05З013

3.    Студиска програма

КТИ, КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Зоран Ивановски

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Да се разберат основите на дигиталното процесирање на слика и методите и математичките алатки на кои се базира. Да се испробаат практични имплеметации на различни алгоритми и да се направи евалуација на нивните предности и недостатоци.  Со следење на курсот студентот ќе биде оспособен за решавање на различни проблеми од областа на процесирање на слика преку користење и развивање на соодветни алатки.

11.    Содржина на програмата: Основни поими за слика и сликовно процесирање. Подобрување на слика во просторен домен.  Просторно филтрирање. Подобрување на слика во фреквенциски домен. Реставрација на слика. Процесирање на слики во боја. Мултирезолуциско процесирање. Компресија на слика. Детекција на рабови. Морфолошка обработка на слика. Сегментација на слика. Репрезентација и опис на слика. Анализа на слика.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови,  задачи за решавање на час и проектни задачи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

0

16.3. Домашно учење

75

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

60

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно изведени лабораториски вежби.

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени тестови од лабораториски вежби (по завршување на секоја од вежбите). Студентот треба да изработи проектна задача и истата да ја предаде најдоцна до полагањето на завршниот испит. Во предвидените испитни сесии се полага завршниот устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од тестовите од лабораториските вежби, проектната задача и завршниот устен испит

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.  Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

R. C. Gonzalez and R. E. Woods Digital Image Processing Prentice Hall 2008

2

Љ. Пановски Системи за обработка на слика, скрипта 2002

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A. K. Jain Fundamentals of Digital Image Processing Prentice Hall 1989