Дигитално управување на електрични машини

Последна измена: јули 18, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Дигитално управување на електрични машини
2. Код 4ФЕИТ02005
3. Студиска програма 2-ЕМА, 18-ЕНЕЛ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Горан Рафајловски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Со успешно завршување на овој предмет, кандидатот ќе се запознае со принципите на дигитално управување на мачини за еднонасочна струја и векторското управување на моторите на наизменична струја и ќе се оспособи за самостојно дизајнирање на системи за векторско управување.

11. Содржина на програмата:

Динамичко моделирање на мотор на еднонасочна струја,асинхрон мотор (синхрон мотор) во произволно избран координатен систем. Дигитална регулација на целиот систем. Можности за аквизиција на роторскиот флукс со помош на модели. Поим за просторен вектор на напоните, струите и флуксевите во машината. Дискретен математички модел на напонски инвертор со варијабилна структура. Симулација на современи типови на широчинско импулсна модулација. Поим за просторно векторска модулација на напоните. Анализа и синтеза на системи за директна и индиректна векторска регулација. Векторска регулација со ориентација на полето. Директно управување на моментот и векторот на статорскиот флукс. Предиктивна Векторска регулација ориентирана на дискретниот модел на инверторот -моделирање и симулација. Векторска регулација на брзината и положбата без употреба на сензори. Примена на регулатори базирани на Фази логика. Примена и предности на овие системи за управување

12. Методи на учење:

Настава подржана со презентации, интерактивни предавања, изработка на проекти и анализа на практични инженерски проблеми. Самостојна изработка на домашни задачи

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 60% од сите активности
20. Начин на полагање на испитот Проектна презентација и усмен испит
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Горан Ристо Рафaјловски Електрични мотори-динамика и управување, Универзитет „Св.Kирил и Методиј“  Скопје 2012
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  LMD Murphy, FG Turnbull  Power Electronic Control of AC Motor  Pergamon Press,  1998
2.  Gerhard Pfaff  Regelung elektrischer Antriebe  R.Oldenbourg Verlag München  1998
3.  Rik de Doncker, Duco W.J  Advanced Electrical Drives (Analysis Modelling Control)  Springer verlag  2011