Дистрибуирани и облак системи

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Дистрибуирани и облак системи
2. Код 4ФЕИТ07Л003
3. Студиска програма КТИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/8 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Марија Календар
9. Предуслов за запишување на предметот Положен: Оперативни системи
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со концептите на дистрибуираните системи и комуникацијата меѓу процесите на далечина, дистрибуирани архитектури и дистрибуирани датотечни системи, како и системи за работа во облак. По завршувањето на курсот студентите ќе можат да: познаат и користат концепти на дистрибуирани системи; да познаат и користат концепти на RPC и RMI во дистрибуирана околина; да познаат и да користат дистрибуирани датотечни системи; да работат со системи во дистрибуирана околина; да познаваат концепти и елементи за системи за работа во облак; да ги познаваат и користат различните услуги на системите за работа со облак (SasS, PasS, IasS); да познаваат и користат околина за складирање на облак, околина за системи и виртуелни машини на облак, мрежна околина на облак и други услуги од облак платфомите; практично да ги користат облак платформите за дизајн и имплементација на компјутерски системи.
11. Содржина на програмата: Вовед. Карактеристики на дистрибуирани и облак системи. Модели на ДС. Концепти на комуникација меѓу процеси на далечина. Сокети. TCP и UDP сокети. Концепти на далечинско повикување. Протоколи за барање-одговор (request-reply). Системи со објава и претплата (publish-subscribe). Далечинско повикување процедури. (RPC). Далечинско повикување методи (RMI). Кластери и системи за висока достапност (high availability). Актуелни дистрибуирани и облак механизми и архитектури (Google, Amazon, Azure и други облак платформи). Сервиси/услуги и апликации во облак. Метрики за квалитет на услуги. Услужно ориентирани архитектури. Безбедност во облак. Hadoop архитектура. Map Reduce. Дистрибуирани датотечни системи. Практични примери на дистрибуирани датотечни системи. NFS. Google GFS. Hadoop HDFS.
12.Методи на учење Настава, аудиториски и лабораториски вежби, практична работа и проекти.
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 50
16.2. Самостојни задачи 10
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 50
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 40
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Испитот се состои во два дела (може да се полагаат како парцијални испити).
Прв парцијален ипит или теоретски дел: Тест прашања и проблеми (70 мин)
и
Втор парцијален испит или практичен дел: Изработка и одбрана на практична проектна задача (во група)
За време на испитот делумно е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки, но не е дозволено користење калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 G. Coulouris, J. Dollimore, T. Kindberg, G. Blair Distributed Systems: Concepts and Design, 5th Ed. Addison Wesley/Pearson 2011
2 M. Van Steen, Tanenbaum A.S. Distributed Systems: Principles and Paradigms, 3rd Ed. CreateSpace Independent Publishing Platform 2017
3 Kai Hwang, Jack Dongarra, Geoffrey C. Fox Distributed and Cloud Computing: From Parallel Processing to the Internet of Things Morgan Kaufmann 2011
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Sukumar Ghosh Distributed Systems: An Algorithmic Approach, 2nd Ed. Chapman and Hall/CRC 2015
2 T. Erl, R. Puttini, Z. Mahmood, Cloud Computing: Concepts, Technology & Architecture Prentice-Hall, 2013
3 Dan C. Marinescu Cloud Computing: Theory and Practice 2nd Ed. Morgan Kaufmann 2017