Дистрибуирани системи и SCADA

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Дистрибуирани системи и SCADA
2. Код 4ФЕИТ01Л003
3. Студиска програма КСИАР
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/8 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Горјан Наџински
9. Предуслов за запишување на предметот Ислушан: Програмабилни логички управувачи
10. Цели на предметната програма (компетенции). Цел на оваа дисциплина е да ги запознае студентите со основите на дистрибуираните системи и SCADA системите и со нивните принципи на работа и улога во контекст на Industry 4.0, како и да ги оспособи за проектирање на едноставни SCADA системи и апликативно програмирање на вакви системи.
11. Содржина на програмата: Основни структури на дистрибуираните системи. Повеќенивоовска организација на системите за автоматизација на постројките и процесите, функциите и базите на податоци на нивоата на автоматизација, интегрирани информациони системи на фабрика. Дистрибуирани системи за работа во реално време: Мерење и моделирање на доцнењата во комуникациски мрежи. Упраување во затворена јамка преку комуникациска мрежа. Индустриски Интернет на нештата. Хардверски аспекти на SCADA системите. Софтверски аспекти на SCADA системите. Проектирање на SCADA системи. Програмирање и визуелизација на SCADA системи. Практична работа за проектирање, програмирање и визуелизација на SCADA системите. Безбедност кај SCADA системи.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби, сето тоа дополнето со практични вежби во лабораторија.
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 30
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 70
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Навремено изработени лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот

Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и задолжителен проект, кој студентите треба да го реализираат и презентираат во текот на семестарот .

1. За студентите кои ги положиле парцијалните испити, и успешно го имаат реализирано и презентирано проектот, се смета дека го положиле предметот. Презентација на проектот се одвива во времетраење не подолго од 60 минути. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и поените добиени од проектот.
2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит, и кои претходно, за време на семестарот го реализирале и презентирале проектот, се смета дека го положиле предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од завршниот писмен испит и поените добиени од проектот.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Gordon Clarke, Deon Reynders, Edwin Wright Practical Modern SCADA Protocols Elsevier 2004
2 David Bailey, Edwin Wright Practical SCADA for Industry Elsevier 2003
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 R. Radvanovsky, J. Brodsky Handbook of SCADA Control Systems Security CRC Press 2016
2 S. Jeschke, et. al. Industrial Internet of Things Springer 2017