Експлоатација на електроенергетски постројки

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Експлоатација на електроенергетски постројки
2. Код 4ФЕИТ04Л002
3. Студиска програма ЕЕПМ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Софија Николова-Поцева
9. Предуслов за запишување на предметот Положен: Основи на електротехника
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување стручни знаења за методологии за пресметка на различни режими на работа на хидроелектрични и термелектрични централи. Решавање на проблеми од оптимално водење на хидроенергетски и термоенергетски производни капацитети.
11. Содржина на програмата: Функции и активности кои се опфатени со оперативно планирање, управување во реално време, анализа на остварениот погон. Претставување на конзумот преку хронолошки дијаграм на оптоварување и крива на траење на оптоварување. Енергетско-експлоатациони карактеристики на различни типови на хидроелектрични централи (ХЕЦ). Режим на работа на ХЕЦ од аспект на хидролошките услови и од можностите на полнење и празнење на акумулацијата. Решавање на каскадно врзани ХЕЦ. Генераторски и пумпен режим на работа на реверзибилни ХЕЦ. Енергетско-експлоатациони карактеристики на различни типови на термоелектрични централи, гасни електрични централи и когенеративни производни капацитети. Спецификација на проблемот на ангажирање на агрегати. Оптимална експлоатација на сложен хидро-термо систем. Планови за ремонт и одржување на електроенергетски постројки. Обезбедување резерви на капацитет во ЕЕС. Изработка на план за работа на електричните централи.
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 0
16.3. Домашно учење 105
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 100
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на предавањата и аудиториските вежби.
20. Начин на полагање на испитот Преку два парцијални писмени испити (времетраење по 2 часа секој) или завршен писмен испит на целиот наставен материјал од предметот (времетраење 2 часа). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/завршниот испит.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Milan S. Ćalovic, Andrija T. Sarić Eksploatacija elektroenergetskih sistema Beopres 1999
2 Jizhong Zhu Optimization of Power System Operation Wiley-IEEE Press 2009
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 P. S. R. Murty Operation and Control in Power Systems BS Publications 2008
2 Hrvoje Požar Snaga i energija u elektroenergetskim sistemima Informator, Zagreb 1983