1. Наслов на наставниот предмет | Електрични генератори и трансформатори | |||||||
2. Код | 3ФЕИТ02З005 | |||||||
3. Студиска програма | ЕАОИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар | III/5 | 7. Број на ЕКТС | 6.00 | |||||
8. Наставник | Д-р Крсте Најденкоски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | ||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Детално познавање на конструктивните делови и материјалите од кои се изработени генераторите и трансформаторите. Запознавање со функционирањето на електричните генератори и трансформатори. Оспособеност за избор на генератори и трансформатори, според нивното место во електроенергетскиот систем, како и за анализа на нивните карактеристики. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Основни поими за генератори. Видови на генератори. Конструктивни особености на поедините видови генератори (синхрони, асинхрони). Турбогенератори и хидрогенератори. Асинхрони генератори. Микрогенератори. Математички модел. Фазорски дијаграми. Синхрони реактанси. Синхронизација. Дијаграм на оптоварување. Стабилност и статичка преоптоварливост. Автономна работа на генераторите. Паралелна работа на генераторите на мрежа при константна моќност и при константна возбуда. Основни конструктивни карактеристики на дистрибутивните и енергетските трансформатори. Магнетен и електричен систем. Дополнителна опрема и уреди. Поделба на трансформаторите. Режими на работа: празен од, оптоварување, куса врска. Еквивалентна шема. Шеми и групи на соединување на трофазни трансформатори. Паралелна работа. Енергетска ефикасност на трансформаторите. |
||||||||
12. Методи на учење: Интерактивни предавања, аудиториски и лабораториски вежби. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 0 | |||||||
16.3. Домашно учење | 105 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 100 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51 до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61 до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71 до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81 до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91 до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Реализирани активности 15.1 и 15.2 | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), и тест од лабораториски вежби. За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, се смета дека испитот е положен. Останатите студенти полагаат завршен испит нa целиот наставен материјал (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/ завршниот испит и тестот. | |||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | A. E.Фитџералд, Чарлс Кингсли | Електрични машини | McGraw-Hill Science/Engineering/Math; 6 ed | 2002 | ||||
2 | Јон Болдеа | Електрични генератори | CRC Press | 2005 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Ray Arnold, Martin Heathcote | J & P Transformer Book | Newnes | 2007 |