Предмет: Електрични и хибридни возила
Код: 3ФЕИТ06003
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Снежана Чундева
Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на адекватно знаење за особеностите, карактеристиките и примената на електричните и хибридните возила.
Содржина на предметната програма: Улога на електричните возила во приватниот и јавниот урбан превоз. Електрични возила и животна средина. Технички достигнувања кај електричните и хибридните електрични возила. Типови на електрични возила. Батериски електрични возила. Хибридни електрични возила. Електрични возила со горивни ќелии. Соларни електрични возила. Електрични возила како потрошувачи и снабдувачи со електрична енергија. Обезбедување на помошни услуги со електрични возила. Енергетска ефикасност на електричните возила. Батерии и други енергетски извори во електричните возила. Електромоторни погони и преобразувачи кај електричните возила. Електрични влечни мотори и нивно управување. Моделирање на електрични возила. Влечна сила, влечни отпори, забрзување, трансмисија, суспензија. Системи за безбедност.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Chris Mi, M. Abul Masrur David Wenzhong Gao | HYBRID ELECTRIC VEHICLES PRINCIPLES AND APPLICATIONS WITH PRACTICAL PERSPECTIVES, second edition | John Wiley & Sons, Ltd | 2017 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Pedro Miguel Pousada da Rocha Almeida | IMPACT OF VEHICLE TO GRID IN THE POWER SYSTEM DYNAMIC BEHAVIOUR | ||
2 |
Zoran Stević (editor) | New Generation of Electric Vehicles |