Електрични машини и трансформатори

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Електрични машини и трансформатори
2. Код 4ФЕИТ02Л006
3. Студиска програма ЕЕС,ЕЕПМ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/4 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Крсте Најденкоски
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електротехника
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнати знаења за принципите на работа и функционирањето на електричните машини и трансформатори. Оспособеност за избор на мотори, генератори и трансформатори, според нивното место во електроенергетскиот систем, како и способност за анализа на нивните карактеристики. Познавање на методите за испитување на електрични мотори, генератори и трансформатори.
11. Содржина на програмата: Вовед во електромеханичко преобразување на енергијата. Материјали за изработка на електричните машини и трансформатори. Загуби на моќност и коефициент на полезно дејство. Загревање и ладење. Животен век.
Трансформатори. Видови на трансформатори. Конструкција – магнетен и електричен систем. Дефиниција на преносен однос. Математички модел на трансформатор. Празен од, оптоварување и куса врска. Трифазни трансформатори. Шеми и групи на соединување. Тронамотни трансформатори. Автотрансформатори.
Основни електромагнетни појави во машините. Израз за индуциран напон. Електромагнетен вртлив момент. Магнетни напони и магнетно поле во машините. Машини за еднонасочна струја. Режим на мотор и генератор. Карактеристики на машините на еднонасочна струја со различен начин на возбудување Биланс на моќност и енергетски дијаграм.
Машини за наизменична струја. Асинхрони и синхрони генератори и мотори. Конструктивни карактеристики. Фазорски дијаграми и синхрони реактанси. Услови за приклучување во паралелна работа.
12.Методи на учење Интерактивни предавања, аудиториски и лабораториски вежби.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 0
16.3. Домашно учење 105
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 90
Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Комплетно реализирани активности 15.1 и 15.2.
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), и тест од лабораториски вежби. За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, се смета дека испитот е положен. Останатите студенти полагаат завршен испит нa целиот наставен материјал (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/ завршниот испит и тестот.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и студентски анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 A. E. Fitzgerald, Ch. Kingsley Jr., S. Umans Електрични машини McGraw-Hill; 6th edition 2005
2 B. S. Guru, H. R. Electric Machinery and Transformers Oxford University Press 2000
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 James H. Harlow Енергетски трансформатори CRC Press 2003