Електрични мрежи

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Електрични мрежи
2. Код 4ФЕИТ09Л006
3. Студиска програма ЕЕС
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/4 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Мирко Тодоровски
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електротехника, Основи на електрични кола
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со елементите на електричните мрежи и нивните заменски шеми. Оспособеност за примена на методологии за решавање на радијални и сложени затворени мрежи, како и избор и димензионирање на елементи од мрежите.
11. Содржина на програмата: Област на изучување. Задача на електричните мрежи (ЕМ). Поделба. Облици на ЕМ. Елементи на ЕМ и нивни заменски шеми. Товари. Сведување. Релативни единици (pu). Решавање на вод. Загуба на напон и моќност. Решавање на радијални и сложено затворени мрежи. Класични и матрични постапки. Димензионирање на ЕМ. Регулација на напоните и реактивните моќности во ЕМ. Загуби на енергија во ЕМ. Техно-економски анализи.
12.Методи на учење Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на предавањата и вежбите.
20. Начин на полагање на испитот Два парцијални испита (по 120 min) или завршен испит (120 min).
Студентот треба да ги изработи предвидените домашни и проектни задачи и истите да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот.
Завршната оценка се определува поените добиени од испитите, домашните и проектните задачи според соодветните тежински коефициенти.
За време на испитите е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Р. Ачковски, М. Тодоровски Електрични мрежи ФЕИТ-Скопје 2017
2 Р. Ачковски Преносни и дистрибутивни системи ЕТФ-Скопје 1995
3 Р. Ачковски Високонапонски мрежи и системи ЕТФ-Скопје 1995
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Р. Ачковски, М. Тодоровски Збирка задачи од областа на преносните и дистрибутивни системи ФЕИТ – Скопје 2007