1. Наслов на наставниот предмет | Електромагнетика | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ05Л014 | |||||||
3. Студиска програма | КХИЕ,КСИАР,ЕАОИЕ,ЕЕПМ,ЕЕС | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | II/4 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Андријана Кухар | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Основи на електротехника | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основните поими за електричното, стационарно струјно, стационарно и квазистационарно магнетно поле, законите кои важат за нив, начини за поврзување со концептот на електрично коло како форма за претставување на феномените. Запознавање со општите равенки на електромагнетно поле – Оспособеност за дефинирање на основните проблеми сврзани со пресметка на електрично и магнетно поле, и анализа на истото, користење на методи за пресметки, анализирање на добиените резултати и носење соодветни заклучоци. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Eлектростатичко поле во вакуум и диелектрик, интегрален и диференцијален облик на Гаусов закон. Електричен скалар потенцијал, капацитивност и парцијални капацитивности на систем од тела. Гранични услови во електростатичко поле и методи на огледување. методи за анализа и компјутерска симулација на електростатичко поле. Стационарно струјно поле, електрична отпорност, отпорност на заземјувач, сложени заземјувачи. Стационарно магнетно поле во вакуум, интегрален и диференцијален облик на Амперов закон, магнетен вектор потенцијал. Стационарно магнетно поле во материја. Гранични услови во магнетно поле и методи на огледување. Магнетно коло, методи за решавање и компјутерска симулација на магнетно поле. Фарадеев закон и коефициенти на електромагнетна индукција, енергија и сила во магнетно поле. Општ облик на Максвелови равенки на електромагнетно поле во неподвижни средини. Елементи од електромагнетните бранови и зрачење. | ||||||||
12.Методи на учење Активно следење на наставата и вежбите, изработка на домашни задачи, симулациски вежби. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 75 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 25 | |||||||
17.4. Завршен испит | 75 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Навремено предавање на домашни задачи | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и самостојните задачи. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит и самостојните задачи. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Љ. Јанев | Електромагнетика 1, II изд. | ЕТФ Скопје | 2002 | ||||
2 | Ј. Сурутка | Електромагнетика | Академска мисао, Београд | 2006 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | M. Sadiku | Elements of Electromagnetics, 7th Ed. | Oxford University Press | 2018 |