1. Наслов на наставниот предмет | Електромагнетна компатибилност | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ05З015 | |||||||
3. Студиска програма | КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Андријана Кухар | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Математика 1 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основните поими за електромагнетна компатибилност, теоријата за електромагнетното поле, бранови и простирање, видови на електромагнетни влијанија на уредите и околината, запознавање со методите за моделирање симулација и пресметки, запознавање со стандардите за ЕМК. Оспособеност за дефинирање на основните проблеми сврзани за електромагнетната компатибилност, знаење и разбирање за начините за моделирање, и користење на методи за пресметки, анализирање на добиените резултати и носење соодветни заклучоци. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед и основни поими за електромагнетна компатибилност (ЕМК). Природни и вештачки извори на електромагнетна интерференција (ЕМИ). Преглед на теоријата за електромагнетното поле, бранови и простирање. Карактеристики на компонентите на електричните кола уреди и прекинувачи. ЕМИ од уреди кола, и методи за пресметување. Преслушување. Иззрачена и кондукциона интерференција мерење и заштита. Оклопување и заземјување. Електростатички празнења. Филтри за ЕМИ. Моделирање и симулација. Процедури за тестирање на ЕМК. Влијание на ЕМП врз околината. Електромагнетна околина. Методи за моделирање на ЕМП во нехомоген простор. Начини за намалување на штетното влијание од ЕМ зрачење во работна и животна средина. Стандарди за ЕМК и регулатива во светот и кај нас. | ||||||||
12.Методи на учење Активно учество во наставата и вежбите, изработка на домашни и лабораториски задачи и тимски семинарски работи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 20 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 20 | |||||||
16.3. Домашно учење | 65 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 30 | |||||||
17.4. Завршен испит | 60 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Изработка на лабораториските вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Студентот може да учествува во изработка на опционална проектна задача која треба да се предаде најдоцна до завршувањето на семестарот. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, изработка на лабораториските вежби и проектната задача. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, изработка на лабораториските вежби и проектната задача. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | C. R. Paul | Electromagnetic Compatibility | J.Wiley &Sons, Inc., Hoboken, New Jersey | 2006 | ||||
2 | D. P. Sengupta, V. V. Liepa | Applied Electromagnetics and Electromagnetic Compatibility | J.Wiley &Sons, Inc., Hoboken, New Jersey | 2006 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | M. Sadiku | Elements of Electromagnetics, 7th Ed. | Oxford University Press | 2018 |