1. Наслов на наставниот предмет | Електромагнетни бранови и антени | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ05З016 | |||||||
3. Студиска програма | КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/5 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Андријана Кухар | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Математика 1 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основните својства на електромагнетните бранови во слободен простор и водени електромагнетни бранови. Запознавање и разработка на постапки за анализа на антенските системи. Оспособеност за решавање на низа практични проблеми сврзани со простирањето на електромагнетните бранови и зрачењето на антените со користење на современи електромагнетни симулатори. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Максвелови равенки и вовед во простирањето на електромагнетни бранови. Основни својства на рамнински бранови во хомоген и идеален диелектрик. Поинтингов вектор. Рамнински бранови во полупроводна средина. Групна брзина. Продирање на бранови во проводници. Одбивање и прекршување на бранови. Простирање во хомогено јонизирани средини. Простирање во континуирано нехомогени средини. Компјутерска симулација на простирањето на рамнинските бранови низ нехомогени средини. ТЕМ бран во совршен вод. Равенки на совршен вод. Равенки на вод во несовршена средина. Равенки на реален вод. Примарни и секундарни параметри на вод. Херцов дипол. Блиска зона и зона на зрачење. Поле во зоната на зрачење од произволно распределени струи. Влијание на земјата. Линеична антена. Карактеристична функција на зрачење, отпорност на зрачење и засилување на антена. Приемна антена. Антенски низи, анализа и моделирање на истите. Компјутерска симулација на карактеристиките на зрачење на антена и антенски системи. |
||||||||
12.Методи на учење Активно учество во наставата и вежбите, изработка на домашни и лабораториски задачи и тимски семинарски работи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 20 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 20 | |||||||
16.3. Домашно учење | 65 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 30 | |||||||
17.4. Завршен испит | 60 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Изработка на лабораториските вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Студентот може да учествува во изработка на опционална проектна задача која треба да се предаде најдоцна до завршувањето на семестарот. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, изработка на лабораториските вежби и проектната задача. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, изработка на лабораториските вежби и проектната задача. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Љ. Јанев | Електромагнетика 2, II изд. | ЕТФ Скопје | 2006 | ||||
2 | Ј. Сурутка | Електромагнетика | Академска мисао, Београд | 2006 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | M. Sadiku | Elements of Electromagnetics, 7th Ed. | Oxford University Press | 2018 |