1. Наслов на наставниот предмет |
Електротехнички материјали | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ03Л002 | |||||||
3. Студиска програма |
ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
I/2 |
7. Број на ЕКТС |
3.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Марија Чундева-Блајер | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
Ислушани: Основи на електротехника | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување знаење за различните претставници на поединечните видови материјали, нивните основни карактеристики и можностите за нивна примена. Цел е запознавање со проводните, полупроводните, диелектричните, магнетните, суперпроводните материјали, како и други специјални материјали кои имаат примена во електротехниката и информациските технологии. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед науката за материјалите. Електрична и термичка проводност кај материјалите. Периоден систем. Врски. Зонска теорија и кристална состојба. Проводници-едноставен модел и макроскопски својства. Поделба на проводните материјали. Апликации на проводни материјали. Полупроводници-процеси на проведување и макроскопски својства. Елементарни полупроводници и соединенија. Примена на полупроводниците. Диелектрични материјали и изолатори. Поларизација и диелектрична пропусливост-макроскопско толкување. Проводливост на диелектриците. Енергетски загуби. Диелектрична цврстина. Преглед и поделба на диелектриците. Апликации на диелектрични материјали. Магнетизам, основни поими. Магнетен хистерезис. Дија, пара и феромагнетизам. Магнетна пропусливост. Енергетски загуби. Поделба на меки и тврди магнетни материјали, својства и примена. Суперпроводни карактеристики на материјалите-едноставен модел и макроскопски својства. Апликации на суперпроводни материјали. Оптички својства на материјалите и апликаци |
||||||||
12. Методи на учење: Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, студија на случај, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
2 + 0 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
90 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
30 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
15 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
10 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
5 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
30 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
20 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
20 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
10 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
50 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Реализирани активности од 15.1 до 16.3. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 90 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит преку презентација и одбрана на проектна работа (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влeгуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит и бодови од присуство на часови. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, се спроведува завршен устен испит преку презентација и одбрана на проектна работа (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит. Студентот треба да изработи и одбрани проектна работна задача |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Rolf. E. Humel | Electronic Properties of Materials | Springer, New York | 2001 | ||||
2 |
Safa.O. Kasap | Principles of Electronic Materials and Devices | McGraw-Hill,New York | 2002 | ||||
3 |
W.S.Wong, A.Salleo | Electronic Materials, Flexible Electronics-Materials and Applications | Springer Science+Business Media, New York | 2009 | ||||
23.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
М. Чундева-Блајер, | Упатство за лабораториски вежби по „Електротехнички материјали“ | ФЕИТ-Скопје, лабораториски практикум | 2016 | ||||
2 |
М. Чундева-Блајер | Електротехнички материјали | ФЕИТ-Скопје, интерна скрипта | 2016 | ||||
3 |
P. Nikolic, D. Rakovic | Elektrotehnicki materijali | Naucna knjiga, Beograd | 1987 |