Предмет: Енергетски ефикасни безжични системи
Код: 3ФЕИТ10008
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови:3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Зоран Хаџи-Велков
Цели на предметната програма (компетенции): Разбирање на концептите на енергетската и спектрална ефикасност на комуникациски систем. Способност за системски дизајн на енергетски автономни безжични системи и на енергетски ефикасни безжични системи
Содржина на предметната програма: Енергетска ефикасност во ИКТ. Енергетска ефикасност во безжични системи. Радио простирање и карактеризација на безжичен канал. Извори на енергија за автономни уреди (соларни, ветерни, радио-фреквентни). Прибирање и складирање на електрична енергија (батерии и супер-кондензатори). Безжичен пренос на енергија и информација. Далечинско полнење на комуникациски и сензорски јазли. Безжично напојувани комуникациски мрежи. Енергетски автономен безжичен систем. Дизајн и оптимизација на енергетски ефикасни комуникациски системи и мрежи.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | K. Samdanis, P. Rost, A. Maeder, M. Meo, C. Verikoukis | Green Communications: Principles, Concepts and Practice | Wiley | 2015 |
2 | E. Hossain, V.K. Bhargava, G.P.Fettweis | Green Radio Communication Networks | Cambridge University Press | 2012 |