Предмет: Енергетски одржлив развој
Код: 3ФЕИТ04006
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Антон Чаушевски
Цели на предметната програма (компетенции): Со завршувањето на овој курс студентот се стекнува со знаења од енергетската вредност на разни енергетски ресурси во насока на постигнување одржлив развој. Можностите за покривање на енергетските потреби од разни ресурси и технологии, преку енергетска и економска евалуација и соодветните последици врз животната средина.
Содржина на предметната програма: Енергетски одржлив развој (ЕОР) и главни фактори и мерки за постигнување ЕОР: искористување на обновливи извори, енергетска ефикасност и грижа за животната околина. Потреби од примарна и финална енергија. Енергетска, економска и еколошка споредба на разни видови енергетски ресурси (фосилни горива, нуклеарни горива и енергенси од ОИЕ). Економски и еколошки показатели за енергетска интензивност. Стратегии за енергетски развој со интегрална евалуација на факторите за постигнување ЕОР. Економска евалуација на поедините фактори кои влијаат на постигнување на ЕОР. Оптимизација помеѓу инвестиционите трошоци за нови технологии и системи за ЕОР и придобивките од нив изразени преку цената на енергијата и социјалниот аспект. Современи технологии и системи за редуцирање на полутантите во производните енергетски капацитети за зачувување на животната околина.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Leo Schrattenholzer, Asami Miketa, Keywan Riahi, Richard Alexander Roehrl | Achieving a Sustainable Global Energy System | IIASA | 2004 |
2 | П. Е. Вон Бредшо | Објектите и животната средина : системи за активна и пасивна контрола | Арт Ламини | 2006 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Џон Ендруз, Ник Џели | Наука за енергетика, принципи, техмологии и влијанија | Дата Понс | 2007 |