Енергетски преобразувачи за обновливи извори на енергија

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Енергетски преобразувачи за обновливи извори на енергија

Код: 3ФЕИТ02010

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Гога Цветковски

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со компетенции за анализа и практично користење на енергетски пеобразувачи во системи со обновливи извори на енергија.

Содржина на предметната програма: Содржина на предметната програма: Преглед на основните видови на енергетски преобразувачи (исправувачи, инвертори, преобразувачи на наизменичен напон, чопери и др.).  Изведби, принцип на работа и карактеристики на инвертори применети кај фотонапонски системи (инвертори водени од мрежа и автономни инвертори, услови за приклучување на овие преобразувачи на мрежа, техники на урапвување на инверторите). Изведби, принцип на работа и карактеристики на инвертори за ветрогенераторски системи (приказ и анализа на разни топологии на ветрогенераторски системи, приказ и анализа на енергетските преобразувачи применети кај овие системи, услови за приклучување на овие преобразувачи на мрежа, техники на управување на инверторите). Изведби, принцип на работа и карактеристики на енергетски преобразувачи за статичка возбуда на синхрони хидрогенератори. Проектирање и изведба на мрежни филтри за подобрување на квалитетот на електричната енергија добиена од обновливите извори на енергија.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

V. K. Sood HVDC and FACTS Controlers, Applications of Static Converters in Power Systems Kluwer Academic Publishers 2004

2

M. H. Rashid Power Electronics-Handbook Academic Press 2001

3

R. Teodorescu, M. Liserre, P. Rodrigues Grid Converters for Photovoltaic and Wind Power Systems John Willey and Sons 2011