Предмет: Интегрални трансформации и нивна примена
Код: 3ФЕИТ08006
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставници: проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, вон. проф. д-р Сања Атанасова
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на курсот студентот има напредни математички знаења за повеќе интегрални трансформации, нивните особини и инверзни формули. Студентот е оспособен да примени соодветна интегрална трансформација како математичка алатка за решавање на различни проблеми од областа на применетата математика и инженерството.
Содржина на предметната програма: Значење на интегралните трансформации за инженерството. Основни концепти и дефиниции. Видови трансформации и нивни особини: Фуриеова трансформација, Лапласова трансформација, z-трансформација, кратковременa Фуриеова трансформација (short-time Fourier transform), вејвлет трансформација, Стоквел трансформација. Асимптотски особини на интегралните трансформации. Примена на интегралните трансформации при решавање диференцијални и интегрални равенки, во теорија на редови, интегрално сметање, математичка статистика и инженерство.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | L. Debnath, D. Bhatta | Integral Transforms and Their Applications | Chapman&Hall/CRC, second edition | 2006 |
2 | K. Grochening | Foundations of Time-Frequency Analysis | Birkhauser, Boston | 2001 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | B. Davies | Integral Transforms and Their Applications | Springer | 2010 |
2 | J. W. Miles | Integral Transforms in Applied Mathematics | Cambridge University Press | 2008 |