1. Наслов на наставниот предмет |
Интелигентни електроенергетски мрежи | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ09З012 | |||||||
3. Студиска програма |
ЕЕС | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
IV/7 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Александра Крколева Матеска | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на основни познавања за принципот на работа на интелигентните електроенергетски мрежи, нивните карактеристики, режимите на работа и нивното техно-економско влијание врз електроенергетските мрежи. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Дисперзирано прозиводство (ДП) во електроенергетските системи (ЕЕС), причини за приклучување и главни проблеми кои произлегуваат од приклучувањето на ДП во дистрибутивните мрежи. Технички влијанија на ДП врз дистрибутивните системи. Основни дефиниции и поими за интелигентни електроенергетски мрежи (ИМ). Разлики меѓу дистрибутивни мрежи со високо учество на ДП (активни мрежи) и интелигентни електроене ИМ. Развој на ИМ – карактеристични технологии на ниво на преносен и на ниво на дистрибутивен систем. Улогата на ДП и на потрошувачите во ИМ. Принципи на управување на ИМ (централизиран и децентрализиран пристап). Хиерархија во управувањето. Напредни алгоритми за управување на ИМ. Примена на DMS и SCADA во ИМ. Реализација на интелигентни мрежи: микромрежи, виртуелни електрични централи, електрични возила, интелигентен дом. |
||||||||
12. Методи на учење: Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
30 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
30 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
45 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
20 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
20 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
10 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
50 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Редовно посетување на предавањата и вежбите. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Испитот се полага преку два парцијални испита (по 120 min) или завршен испит (120 min). Студентот треба да ги изработи предвидените домашни задачи и проекти и да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. Полагањето на парцијалните испити/завршниот испит се состои од теоретски прашања и задачи. Завршната оценка се определува врз основа на поените добиени од испитите, домашните задачи и проектите, според соодветни тежински коефициенти. За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена, но не е дозволено користење на мобилни телефони, таблети или слични електронски уреди |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
N. Jenkins, R. Allan, P. Crossley, D. Kirschen, G. Strbac | Embedded Generation | The Institution of Engineering and Technology | 2006 | ||||
2 |
M. H. J. Bollen | The Smart Grid: Adapting the Power System to New Challenges | Morgan & Claypool Publishers | 2011 | ||||
3 |
S. Chowdhury, S.P. Chowdhury, P. Crossley | Microgrids and Active Distribution Networks | The Institution of Engineering and Technology | 2009 | ||||
23.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
M. S. Thomas, J. D. McDonald | Power System SCADA and Smart Grids | CRC Press | 2015 |