Истражувачки проект од областа машински вид

Последна измена: јули 18, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Истражувачки проект од областа машински вид
2. Код 4ФЕИТ19
3. Студиска програма 19-МВ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/2 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Наставник од студиската програма Машински вид
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Стекнување искуство во реализација на практични проекти од областа на машинскиот вид и подготовка на студентот за вршење на истражувачка работа, како услов за изработка на магистерскиот труд, неово оспособување за независна истражувачка работа и развивање научна креативност.

11. Содржина на програмата:

Методологија на научно-истражувачката работа и практична имплементација на проекти. Избор и проучување на релевантна литература за истражувањето. Поставување на предмет, методи и цели на истражувањето. Дефинирање на методите на истражување. Собирање и обработка на податоци. Поставување на експеримент. Поставување на симулациска или лабораториска околина. Подготовка на тези за пријава на магистерски труд.

12. Методи на учење:

Учење со менторирање.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 0 + 6
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 0 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 90 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 100 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработен предлог проект.
20. Начин на полагање на испитот Подготовка и презентација на проект.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.