Предмет: Истражувачки проект од областа на автоматика, роботика и системско инженерство
Код: 3ФЕИТ06
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 0+0+0+6
Наставници: Сите наставници кои можат да бидат ментори на студиската програма АРСИ
Цели на предметната програма (компетенции): Добивање знаење од областа на автоматика, роботика и системско инженерство и подготовка на студентот за вршење на истражувачка работа, како услов за изработка на магистерската работа. Исто така оспособување за независна истражувачка работа и развивање научна креативност.
Содржина на предметната програма: Методологија на научно-истражувачката и апликативната работа. Избор и проучување на релевантна литература за истражувањето. Поставување на предмет, методи и цели на истражувањето. Дефинирање на методите на истражување. Собирање и обработка на податоци. Поставување на експеримент. Поставување на симулациска или лабораториска околина. Подготовка на тези за пријава на магистерска работа.