Истражувачки проект од областа на биомедицинското инженерство

Последна измена: јули 21, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Истражувачки проект од областа на биомедицинското инженерство
2. Код 4ФЕИТ22
3. Студиска програма 22-БЕ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/2 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Наставник од студиската програма БМИ
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Стекнување знаења за начинот на спроведување на истражување во областа на биомедицинското инженерство, како услов за изработка на магистерската работа. Оспособеност за независна истражувачка работа и развиена научна креативност.

11. Содржина на програмата:

Методологија на научно-истражувачката и апликативната работа во областа на биомедицинското инженерство. Избор и проучување на релевантна литература за истражувањето. Поставување на предмет, методи и цели на истражувањето. Дефинирање на методите на истражување. Собирање и обработка на податоци. Поставување на експеримент. Поставување на симулациска или лабораториска околина.

12. Методи на учење:

Консултации, изработка на проектна задача, презентации.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 0 + 6
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 0 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 90 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 30 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода    5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода    6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода    7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода    8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода    9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработен проект/семинарска работа.
20. Начин на полагање на испитот Проектна задача.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Анкети, интервјуа и самоевалуација.