Истражувачки проект од областа на Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Истражувачки проект од областа на Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој

Код: 3ФЕИТ14

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови0+0+0+6

Наставник: Сите наставници кои може да бидат ментори на студиската програма ЕСОР

Цели на предметната програма (компетенции): Да му овозможи на кандидатот индивидуална истражувачка работа со решавање на проблемот поврзан со промоција на енергетската ефикасност и одржлива иднина.

Содржина на предметната програма: Методологија на научно-истражувачката и апликативната работа. Избор и проучување на релевантна литература за истражувањето. Поставување на предмет,методи и цели на истражувањето. Дефинирање на методите на истражување. Собирање и обработка на податоци.  Поставување на експеримент. Поставување на симулациска или лабораториска околина. Подготовка на тези за пријава на магистерска работа.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1   Трудови објавени во последните 2 години во областа на енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој.    
2   Одбрани наслови од книгите наведени во литературата на предметите од студиската програма.    
Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1   Стандарди во областа на влијанието на електричната енергија врз животната средина.