Истражувачки проект од областа на енергетската електроника

Последна измена: јули 18, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Истражувачки проект од областа на енергетската електроника
2. Код 4ФЕИТ18
3. Студиска програма 18-ЕНЕЛ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/2 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Наставник од студиската програма енергетската електроника
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Добивање знаење од областа на енергетската електроника и подготовка на студентот за вршење истражувачка работа, како услов за изработка на магистерската работа. Исто така оспособување за независна истражувачка работа и развивање научна креативност.

11. Содржина на програмата:

Методологија на научно-истражувачката и апликативната работа. Избор и проучување на релевантна литература за истражувањето. Поставување на предмет, методи и цели на истражувањето. Дефинирање на методите на истражување. Собирање и обработка на податоци. Поставување на експеримент. Поставување на симулациска или лабораториска околина. Подготовка на тези за пријава на магистерска работа.

12. Методи на учење:

Консултации, изработка на проектни задачи , презентации, самостојно учење.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 0 + 6
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 0 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 90 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 80 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода  8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 60% успех од сите предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот презентација на проект
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација