Предмет: Истражувачки проект од областа на регулативата во енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот
Код: 3ФЕИТ17
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови:0+0+0+6
Наставник: Сите наставници кои можат да бидат ментори на студиската програма РЕЕКС
Цели на предметната програма (компетенции): Добивање знаење од областа на регулативата во енергетиката и/или електронските комуникации и/или сообраќајот и подготовка на студентот за вршење истражувачка работа, како услов за изработка на магистерската работа. Исто така оспособување за независна истражувачка работа и развивање научна креативност.
Содржина на предметната програма: Методологија на научно-истражувачката и апликативната работа. Избор и проучување на релевантна литература за истражувањето. Поставување на предмет, методи и цели на истражувањето. Дефинирање на методите на истражување. Собирање и обработка на податоци. Поставување на експеримент. Поставување на симулациска или лабораториска околина. Подготовка на тези за пријава на магистерска работа.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | – | Статии од меѓународни списанија и зборници на меѓународни конференции, стандарди, препораки, закони и други национални и меѓународни нормативни акти, и друга литература. | – |