1. Наслов на наставниот предмет | Компјутерски архитектури | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ07Л005 | |||||||
3. Студиска програма | КТИ,КСИАР,КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | II/4, III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Данијела Ефнушева | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Ислушан: Логички дизајн | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основните концепти на компјутерските архитектури и организацијата на компјутерските системи: контролна и податочна патека во процесор, аритметичко-логичка единица, проточност, комуникација со В/И уреди, архитектура на инструкциско множество, мемориска хиерархија (регистри, кеш меморија, главна меморија и секундарна меморија), и виртуелна меморија. По завршување на курсот студентите ќе бидат оспособени за: – разбирање и користење на основните елементи од компјутерските архитектури; – разбирање на аритметика со цели и реални броеви во компјутерски систем; – разбирање на архитектура на инструкциско множество и способност за асемблерско програмирање на процесори; – разбирање на проточно извршување на инструкции; – разбирање на начин на работа на контролна и податочна патека во процесор; – разбирање на различни нивоа на мемориска хиерархија и анализа на перформанси; |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во архитектури на компјутери. Дефиниција на организација на компјутери и рaзлични реализации на компјутери. Перформанси на компјутери и процесори. Дефинирање на составни делови на компјутерските системи. Инструкции: јазик на компјутерите. Адресни режими. Операции и операнди. Броеви со и без знак. Аритметика за компјутерите: собирање, одземање, множење и делење. Претставување на реални броеви. Аритметика со реални броеви. Архитектура на MIPS процесор. Податочна патека: едноставна имплементациска шема. Проточно извршување на инструкциите (земање, декодирање, извршување, пристап до меморија, враќање на резултат). Проточна податочна и контролна патека на MIPS. Вовед во податочни и контролни хазарди. Исклучоци. Мемориска хиерархија. Мемориски технологии. Основи на кеш меморија. Типови на мапирања во кеш меморија. Перформанси на кеш меморија. Виртуелна меморија. Страничење. Табели на страници. TLB бафер. Перформанси на виртуелна меморија. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 25 | |||||||
16.3. Домашно учење | 80 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 90 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Два парцијални испити во текот на семестарот во времетраење од по 150 минути или еден завршен писмен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 150 минути (110 минути практичен дел и 40 минути теоретски дел). Оценување и на лабораториските вежби. Во конечната оцена влегуваат поените од писмениот испит и лабораториските вежби. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Само-евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | D.A. Patterson, J. L. Hennessy | Computer Organization and Design: The Hardware/Software Interface, 5th Ed. | Morgan Kaufmann | 2014 | ||||
2 | D.A. Patterson, J. L. Hennessy | Computer Organization and Design The Hardware/Software Interface: RISC-V Edition | Morgan Kaufmann | 2018 | ||||
3 | Ендрју С. Таненбаум | Структурирана компјутерска организација | превод влада | 2012 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Џон Л. Хенеси, Дејвид А. Петерсон | Компјутерска архитектура | превод влада | 2011 | ||||
2 | W. Stallings | Computer Organization and Architecture 11th Ed | Pearson | 2019 |