Компјутерски потпомогнат дизајн на интегрирани кола

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Компјутерски потпомогнат дизајн на интегрирани кола

Код: 3ФЕИТ12003

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Славка Цанова

Цели на предметната програма (компетенции): Целта на овој курс е студентот да се запознае со техниките на дизајнирање на CMOS интегрирани кола и системи со помош на CAD алатки. За таа цел студентот ќе биде оспособен да моделира и симулира хардвер со помош на VHDL и ќе биде оспособен за проектирање на интегирани системи на физичко ниво (со користење на програмскиот пакеt Cadence).

Содржина на предметната програма: Вовед во микроелектроника – интегрирани кола и VLSI дизајн.  Моделирање на хардвер со VHDL. Алгоритми и структури. Верификација на модели. Проектирање на физичките системи (на транзисторско ниво) со помош на програмскиот пакет CADENCE. Примери во CMOS технологија.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 K. Laker and W. Sansen Design of Analog Integrated Circuits and Sensors MacGrawHill 1994
2 J. Rabaey Digital Integrated Circuits – A Design Perspective Prentice Hall 1996
3 Weste and Harris CMOS VLSI Design, 4th edition Addison-Wesley/Pearson 2010