1. Наслов на наставниот предмет | Компјутерско водење на процеси | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ01Л006 | |||||||
3. Студиска програма | КСИАР,КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Весна Ојлеска Латкоска | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Сигнали и системи и (Системи на автоматско управување или Теорија на автоматско управување 1) | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Со следење и положување на предметот студентот ќе се запознае со управувањето на процесот со помош на компјутер, било тој да е микропроцесор, микроуправувач, PC компјутер или индустриски компјутер. Со овој предмет се продолжува со примена на стекнатите теоретски знаења од теорија на управување, имплементирајќи познати и нови алгоритми за управување со помош на компјутер, a имајќи ги предвид и хардверските и софтверските аспекти на проблемот. Со тоа, студентот ќе стане компетентен за проектирање и проучување на управување на процеси со компјутер, како од хардверски така и од софтверски аспект. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Основи на компјутерско водење. Концепти на компјутерско управување. Хардверски аспекти или техничката опрема на КВП системите. Влез и излез на податоци во процесниот компјутер. Елементи на управувачко коло. Софтверски аспекти на КВП системите: Управување на процесите во реално време; Управување со употреба на интерапт; Модови на активирање на програмски блокови; Дејствување со интерапт; Компјутерско водење на сложени системи; Почетни приоди кон системска декомпозиција; Хиерархиско управување; Мултислојно управување; Повеќенивоовско управување. Линеарно дигитално управување. Дискретно состојбени КВП системи: Дво-состојбени управувачки системи; Секвенцијални системи. Примери за КВП системи: Управување со температурен процес со примена на микроуправувач; Хиерархиско управување на печка за печење тули; Дискретни ПИД управувачи и нивна оптимизација; Дискретни управувачи (ДУ) во простор на состојби; Пол-нула поништувачки управувачи; ДУ на процеси со големо временско доцнење. | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 20 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 10 | |||||||
16.3. Домашно учење | 75 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 5 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 15 | |||||||
17.3. Активност и учење | 5 | |||||||
17.4. Завршен испит | 75 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби, како и успешно и навремено изработени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, со времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите, како и проектна задача, која се презентира/брани за време на семестарот. 1. Студентите кои ги положиле парцијалните испити, се смета дека го положиле завршниот писмен испит. Дополнително, може да се спроведе и завршен устен испит (со времетраење од максимум 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите, проектната задача, како и завршниот устен испит (ако е спроведен). 2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (со времетраење од 120 минути). За студентите кои го положиле завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (со времетраење од максимум 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите, проектната задача, како и завршниот устен испит (ако е спроведен). |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Миле Ј. Станковски, Татјана Колемишевска-Гугуловска | Компјутерско водење на процеси | ЕТФ Скопје | 2006 | ||||
2 | Branko Novakovic | Kompjutersko vodjenje procesa | Sveuciliste u Zagrebu | 2001 | ||||
3 | Karl A Astrom, Bjorn Wittenmark | Computer-Controlled Systems: Theory and Design | Dover Publications | 2011 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Drago Matko, S. Strmcnik, B. Zupancic, G. Music | Racunalnicko vodenje procesov | Univerza v Ljubljani, FEE | 1995 |