Комплексна анализа

Објавено: октомври 23, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Комплексна aнализа

2.    Код

3ФЕИТ08Л008

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/4

7.    Број на ЕКТС

3.00

8.    Наставник

Д-р Билјана Јолевска-Тунеска

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Математика 1

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Да се усвојат основните поими од комплексна анализа со посебен осврт на комплексната алгебра и функции, аналитичност и контурна интеграција, Кошиева теорема, остатоци, Тајлоров и Лоранов ред и примени.

11.    Содржина на програмата: Комплексни броеви. Алгебра на комплексни броеви. Множества во комплексна рамнина. Функции од комплексна променлива. Аналитичност. Коши-Риманови равенки. Елементарни функции. Примена во осцилаторни системи. Интеграл на комплексна функција по контура.Кошиева интегрална формула. Тајлоров ред и Лоранов ред. Нули и сингуларитети. Теорија на остатоци.  Несвојствени интеграли кои вклучуваат тригонометриски функции.

12.    Методи на учење: Предавања, вежби и самостојна работа

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 1 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

45

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

15

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

30

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

30

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

нема

20.    Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (во 8. и 15. недела од семестарот, во времетраење од најмногу 90 минути) , а во текот на часовите може да се спроведат и тестови. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење најмногу 135 минути).
За студентите кои ги положиле парцијалните испити, односно писмениот испит, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење најмногу 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, односно писмениот испит, поените од задачите предвидени за индивидуална работа на студентот (домашни работи), поените од тестовите и завршниот устен испит.

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Џејмс Браун и Руел Черчил Комплексна анализа и примени МекГро-Хил 2004

2

Е.Б.Саф, А.Д.Снајдер Основи на комплексната анализа со примени во инженерството и науката Арс-Ламина-публикации (превод на дело) 14