| 
 1. Наслов на наставниот предмет  | 
Компресија и пренос на мултимедиски сигнали | |||||||
| 
 2. Код  | 
3ФЕИТ10Л019 | |||||||
| 
 3. Студиска програма  | 
ТКИИ | |||||||
| 
 4. Организатор на студиската програма  | 
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
| 
 5. Степен  | 
Прв циклус студии | |||||||
| 
 6. Академска година/семестар  | 
IV/8 | 
 7. Број на ЕКТС  | 
6.00 | |||||
| 
 8. Наставник  | 
Д-р Венцеслав Кафеџиски | |||||||
| 
 9. Предуслов за запишување на предметот  | 
||||||||
| 
 10. Цели на предметната програма (компетенции): Студентот ќе се стекне со теоретски и практични познавања на техниките и стандардите за кодирање (компресија) на говор, музика, слика и видео, дигитална телевизија, техники и протоколи за стриминг на мултимедиски сигнали, видео конференција и видео надгледување.  | 
||||||||
| 
 11. Содржина на програмата: Компресија на податоци без загуби: Хафманово и аритметичко кодирање, техники базирани на речник (Лемпел – Зив кодирање). Вокодер методи за кодирање на говор: LPC, CELP и други. Трансформациско кодирање, кодирање на сигнали со подопсези и вејвлети. Кодирање на слика, постапки и стандарди. Кодирање на аудио. MPEG аудио кодирање: MP3, AAC, HE-AAC, xHE-AAC. Кодирање на видео: MPEG1, MPEG2, H261, H263, H.264/AVC, H.265/HEVC. Дигитална телевизија: терестријална, кабелска, сателитска. IPTV. Снабдувачи со содржина (Content Providers) и мрежи за доставување на содржина (Content Delivery Networks). Caching. OTT (Over The Top) снабдувачи и сервиси. Интернет телевизија. Видео стриминг. Live стриминг. Видео конференција и телеприсуство. Протоколи за стриминг во реално време. HТTP базирани стриминг протоколи. MPEG-DASH. Видео надгледување и примена. Пренос на мултимедиски сигнали преку мобилни системи од 4G и 5G. Caching: теоретски основи, мрежна архитектура, femtocaching, cashing во D2D мрежи.  | 
||||||||
| 
 12. Методи на учење: Преку предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашно учење, проектни задачи, посета на компании и предавања од експерти од стопанството.  | 
||||||||
| 
 13. Вкупен расположив фонд на часови  | 
3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
| 
 14. Распределба на расположивото време  | 
180 | |||||||
| 
 15. Форми на наставните активности  | 
 15.1. Предавања – теоретска настава  | 
 45  | 
||||||
| 
 15.2. Вежби, семинари, тимска работа  | 
 30  | 
|||||||
| 
 16. Други форми на активност  | 
 16.1. Проектни задачи  | 
 35  | 
||||||
| 
 16.2. Самостојни задачи  | 
 0  | 
|||||||
| 
 16.3. Домашно учење  | 
 70  | 
|||||||
| 
 17. Начини на оценување  | 
 17.1. Тестови  | 
 0  | 
||||||
| 
 17.2. Семинарска работа/проект  | 
 35  | 
|||||||
| 
 17.3. Активност и учење  | 
 0  | 
|||||||
| 
 17.4. Завршен испит  | 
 65  | 
|||||||
| 
 18. Критериуми за оценување  | 
 до 50 бодови  | 
 5 (пет) (F)  | 
||||||
| 
 од 51 до 60 бодови  | 
 6 (шест) (E)  | 
|||||||
| 
 од 61 до 70 бодови  | 
 7 (седум) (D)  | 
|||||||
| 
 од 71 до 80 бодови  | 
 8 (осум) (C)  | 
|||||||
| 
 од 81 до 90 бодови  | 
 9 (девет) (B)  | 
|||||||
| 
 од 91 до 100 бодови  | 
 10 (десет) (A)  | 
|||||||
| 
 19. Услов за потпис и полагање на завршен испит  | 
Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби. | |||||||
| 
 20. Начин на полагање на испитот  | 
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби. За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит. Студентот треба да изработи семинарска работа и истата да ја предаде најдоцна до терминот за испит. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред, освен калкулатор.  | 
|||||||
| 
 21. Јазик на кој се изведува наставата  | 
Македонски и Англиски | |||||||
| 
 22. Метод на следење на квалитетот на наставата  | 
Интерна евалуација и анкети. | |||||||
| 
 23. Литература  | 
||||||||
| 
 23.1. Задолжителна литература  | 
||||||||
| 
 Бр.  | 
 Автор  | 
 Наслов  | 
 Издавач  | 
 Година  | 
||||
| 
 1  | 
Венцеслав Кафеџиски | Компресија и пренос на мултимедиски сигнали | Интерна скрипта ФЕИТ | 2016 | ||||
| 
 23.2. Дополнителна литература  | 
||||||||
| 
 Бр.  | 
 Автор  | 
 Наслов  | 
 Издавач  | 
 Година  | 
||||
| 
 1  | 
Калид Сајуд | Вовед во компресија на податоци, 4 издание | Морган Кауфман | 2012 | ||||
| 
 2  | 
Бени Бинг | Видео кодирање и стриминг од следната генерација, 1 издание | Вајли | 2015 | ||||
| 
 3  | 
Вес Симпсон | Видео преку IP: IPTV, интернет видео, H.264, P2P, WebTV и стриминг: комплетен водич за разбирање на технологијата | Фокал Прес | 2008 | ||||
			
