1. Наслов на наставниот предмет |
Комуникациски технологии |
2. Код |
4ФЕИТ10З013 |
3. Студиска програма |
КСИАР |
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии |
5. Степен |
Прв циклус студии |
6. Академска година / семестар |
III/5 |
7. Број на ЕКТС |
6 |
8. Наставник |
Д-р Перо Латкоски |
9. Предуслов за запишување на предметот |
Положен: Математика 1 |
10. Цели на предметната програма (компетенции). Студентоит ќе се стекне со знаење за структурата на телекомуникациски систем, со поимот за информација, со добивањето и обработката на основните типови на податоци, со основите на дигиталната модулација и демодулација. Запознавање со организација на протоколниот стек, основните медиуми за пренос на информации, основните протоколи во интернет, основните интернет сервиси и основите на безбедност во интернетот. Запознавање со типовите на телекомуникациски мрежи и распознавање на нивните основни технички карактеристики. |
11. Содржина на програмата: Вовед и основни поими. Елементи на комуникациски систем. Поим за информација. Аналоген и дигитален пренос на информации. Земање на примероци, квантизација и кодирање. Медиуми за пренос: бакарни кабли, оптички влакна, слободен простор како медиум за пренос. OSI i TCP/IP слоевити модели. Интернет протокол (IP). Адресирање и рутирање. Основни протоколи во Интернет (DNS, DHCP, TCP, UDP). Интернет сервиси (e-mail, FTP, telnet, chat, итн). Web технологија (HTTP, HTML). Сигурност при Интернет комуникација. Податочни мрежи (LAN, WLAN, WAN итн.). Основни карактеристики на телекомуникациски мрежи: пристапни (ADSL, DoCSiS, FTTx), дифузни (DVB, DAB), мобилни (2G, 3G и 4G), кратко дометни (WSN, Bluetooth, RFID, NFC). Идни правци во информациско-комуникациските технологии. |
12.Методи на учење Интерактивни предавања и вежби, самостојни и групни проекти, домашни задачи, работилници и семинари |
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 1 + 1 + 0 |
14. Распределба на расположивото време |
180 |
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
20 |
16.2. Самостојни задачи |
15 |
16.3. Домашно учење |
70 |
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
20 |
17.2. Семинарска работа/проект |
15 |
17.3. Активност и учење |
5 |
17.4. Завршен испит |
60 |
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
од 51до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
од 61до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
од 71до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
од 81до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
од 91до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби |
20. Начин на полагање на испитот |
Два парцијални испити во текот на семестарот во времетраење од по 120 минути или еден писмен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути |
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски |
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети |
23. Литература |
23.1. Задолжителна литература |
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
J. G. Proakis, M. Salehi |
Communications systems engineering |
Prentice Hall |
2002 |
2 |
William Stallings |
DATA AND COMPUTER COMMUNICATIONS |
Pearson Education |
2007 |
3 |
Tatjana Ulcar-Stavrova |
Teorija na informacii |
ETF |
1999 |