Квалитет на електрична енергија

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Квалитет на електрична енергија
2. Код 4ФЕИТ09Л010
3. Студиска програма ЕЕС
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Јовица Вулетиќ
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електротехника
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со терминологијата и потребата од квалитетно напојување со електрична енергија. Добивање на основни познавања за причинители на пореметувања во квалитетот на напојувањето, запознавање со начините и методологијата за решавање на проблеми од областа на квалитет на електрична енергија. Способност за моделирање, мониторинг, мерење и анализа на резултати.
11. Содржина на програмата: Вовед, терминологија и класификација на појави опфатени со квалитетот на електрична енергија. Хармоници и резонанса. Напонски јами/пропади и скокови, краткотрајни и долготрајни прекини. Транзиентни пренапони. Фликер. Напонска несиметрија, засеци и шум. Стандардни нисконапонски системи. Заземјување и ожичување како фактор на квалитетот на електрична енергија. Следење на квалитетот на електрична енергија. Мерна опрема, прилагодување и избор на мерени и влезни големини. Стандарди (EN 50160, IEEE 519).
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби и користење на софтверски алатки.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработка на лабораториски вежби и редовна посетеност на настава.
20. Начин на полагање на испитот Два парцијални испита (по 120 min) или завршен испит (120 min). Испитите се составени од писмен дел.
Студентот треба да ги изработи предвидените домашни и проектни задачи и да ги предаде според договорена динамика на почетокот од семестарот.
Завршната оценка се определува од поените добиени од испитите, домашните и проектните задачи според соодветни тежински коефициенти.
За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена, но не е дозволено користење на мобилни телефони, таблети или слични електронски уреди.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Ристо Ачковски Квалитет на електрична енергија ФЕИТ 2013
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 R.C. Dugan, M.F. McGranahan, S. Santoso, H.W. Beaty Electrical Power Systems Quality McGraw – Hill 2004
2 A. Baggini Handbook of Power Quality John Wiley & Sons 2008
3 G. Vijayaraghavan, M. Brown, M. Barnes Grounding, Bonding, Shielding and Surge Protection Elsevier 2004