Квантни комуникации и квантни пресметки

Последна измена: јули 12, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Квантни комуникации и квантни пресметки
2. Код 4ФЕИТ10010
3. Студиска програма 11-ИБС, 12-КИТ, 16-МНТ, 20-ИМСА
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Томислав Шуминоски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Студентот ќе биде оспособен за теоретска и практична работа во напредните квантни комуникации и пресметки, плус запознавање и работа со квантните технологии, сервиси и системи. Преку знаењата кои му ги нуди овој предмет, студентот ќе има можност да се стекне со компетенции и вештини од областа на квантното инженерство и комуникациските и пресметковните науки од квантната област. Студентот ќе добие знаења за современите напредни квантни комуникации, пресметки во квантни компјутери и системи.

11. Содржина на програмата:

Историски развој на квантните комуникации и пресметки. Квантна информациска теорија. Квантни бити, квантни состојби и основи на квантните комуникации и пресметки. Квантен шум и квантни операции. Квантни пресметковни алгоритми. Квантна Фуриеова трансформација и нејзина примени во квантните комуникации и пресметки. Телепортација и квантна криптографија. Квантни комуникациски ситеми, квантни компјутери и квантни уреди.

12. Методи на учење:

Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, студија на случај, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и/или семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 40 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Реализирани активности од 15.1 до 16.3.
20. Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 90 минути) и изработка на практична проектна задача (по завршување на теоретскиот дел). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, поените од проектната задача, поените од домашните задачи и поените од активноста при учење. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 90 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, поените од проектната задача, поените од домашните задачи и поените од активноста при учење. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Sandor Imre, Laszlo Gyongyosi Advanced Quantum Communications: An Engineering Approach Wiley 2013
2. Michael A. Nielsen, Isaac L. Chuang Quantum Computation and Quantum Information Cambridge Univ. Press 2000
3. E. Rieffel and W. Polak Quantum Computing, A gentle Introduction MIT 2011
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Masahito Hayashi Quantum Information Theory: Mathematical Foundation  Springer-Verlag Berlin Heidelberg  2017