Предмет: Линеарни статистички модели
Код: 3ФЕИТ08011
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева
Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување знаења за најпопуларните статистички модели и методи, со посебен осврт кон регресионите статистички техники. Студентот се оспособува за избор на соодветен статистички модел, за користење на софтвер за статистичко моделирање, како и за изведување заклучоци и презентирање на добиените резултати од статистичката анализа на практични проблеми.
Содржина на предметната програма: Проста линеарна регресија. Интервали на доверба и тестирање на хипотези за параметрите на моделот. Генерализирани линеарни модели. Повеќедимензионална линеарна регресија. Анализа на остатоци. Анализа на варијанса. Вовед во линеарни модели за временски серии. Користење на статистички софтвер за линеарно статистичко моделирање.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Ј. P. Marques de Sa | Applied statistics using SPSS, STATISTICA, MATLAB and R | Springer | 2007 |
2 | Annette J. Dobson | An Introduction to Generalized Linear Models | CHAPMAN & HALL/CRC | 2000 |
3 | Michael H Kutner, Christopher Nachtsheim, John Neter, William Li | Applied Linear Regression Models | McGraw-Hill | 2004 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | G.Jay Kerns | Introduction to Probability and Statistics Using R | Cran.r-project.org ISBN: 978-0-557-24979-4 | 2011 |
2 | Douglas C. Montgomery, George C. Runger | Applied Statistics and Probability for Engineers | John Wiley & Sons | 2003 |