1. Наслов на наставниот предмет | Логички дизајн | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ05З022 | |||||||
3. Студиска програма | КХИЕ,КТИ,КСИАР | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | II/3 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Катерина Ралева, Д-р Данијела Ефнушева | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | ||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основите на дигиталниот логички дизајн (постапки и закони за анализа и проектирање на логички кола и логички мрежи). По завршување на курсот, студентот ќе биде оспособен за анализа и проектирање на комбинациони и секвенцијални логички кола и системи: – Знае постапка за определување на комбинациона логичка функција за даден логички проблем опишан со текст. – Дизајнира комбинациони кола со основните градбени блокови (логички порти, мултиплексери, демултиплексери, декодери , кодери), – Дизајнира кола со флипфлопови, регистри и бројачи. – Знае постапка за синтеза на конечен автомат за дадени барања. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Бројни системи и кодови.Основи на Булова и прекинувачка алгебра. Основни логички операции и кола. Логички променливи, изрази и функции. Приказ на логички функции. Реализација на логичките функции со основните логички кола. Универзални множества. Реализација на логичките функции со НИ и НИЛИ кола.Техники за минимизација на логичките функции. Карноова мапа. Анализа и синтеза на логички функции. Комбинациони логички мрежи (мултиплексери, демултиплексери, декодери, кодери и конвертори на кодови). Индикаторски системи. Реализација на мрежи со мултиплексери, демултиплексери, декодерски и кодерски мрежи. ROM меморија (синтеза на функции со PROM меморија), програмабилна логика (PAL/GAL, PLA и синтеза на функции со PLA). Секвенцијални логички мрежи – вовед. Мемориски кола – лечеви, флипфлопови, регистри. Асинхрони и синхрони бројачи – анализа и постапки за дизајнирање. Синхрона секвенцијална мрежа како автомат со конечен број на состојби. Мурова и Милиева секвенцијална мрежа. Процедура за дизајнирање конечен автомат. | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи на лабораториски вежби | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 15 | |||||||
16.3. Домашно учење | 90 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 30 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 60 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно изведени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и поените од лабораториските вежби. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 180 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит и поените од лабораториските вежби. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | N. Balabanian, B. S. Carlson | Digital Logic Design Principles | John Wiley & Sons, Inc. | 2001 | ||||
2 | М. Морис Мано, Мајкл Д. Цилети | Дигитален дизајн | Арс Ламина (превод на македонски) | 2010 | ||||
3 | M. Morris Mano and Michael D. Ciletti | Digital Design | Pearson (Prentice Hall) | 2007 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | McCluskey, E.J. | Logic Design Principles | Prentice Hall | 1986 |