1. Наслов на наставниот предмет |
Мали и специјални електрични машини | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ02З014 | |||||||
3. Студиска програма |
ЕАОИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
IV/7 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Гога Цветковски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
Положени: Основи на електрични кола | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Предметот претставува напреден курс за проучување на малите и специјални електрични машини, со посебен осврт на нивната експериментална анализа. Студентот стекнува проширени и продлабочени знаења за спецификите, конструктивната изведба и принципот на работа на малите и специјални електрични машини како и за можностите за нивната примена. Студентот е оспособен за анализа на малите и специјални електрични машини, како и за нивно поврзување и имплементација во современите автоматизирани индустриски процеси во индустријата, домаќинствата и стопанските објекти. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед. Поделба на малите и специјални ЕМ (МСЕМ). Еднофазни асинхрони микромотори (ЕАММ): принцип на работа; добивање вртливо поле; двофазни системи. Елементи за дефазирање. Видови ЕАММ. Еквивалентни шеми и енергетски дијаграм на ЕАММ. Кондензаторски АММ. Мотор со засечени полови. Синхрони микромотори (СМСЕМ): принципи; поделба. СМСЕМ со перманентни магнети. Синхрони реактивни ММ. Специјални видови реактивни МСЕМ. Синхрони хистерезни МСЕМ. Еднофазни/универзални колекторски МСЕМ со сериска возбуда: теорија, примена. Сервомотори: принцип на работа, поделба, примена. Начини на управување и видови. Еднонасочни сервомотори. Сервомотори: принцип на работа, поделба, примена. Начини на управување и видови. Асинхрони сервомотори. Чекорни микромотори. Тахогенератори: принцип на работа, видови, грешки, примена. Еднонасочни/синхрони /асинхрони тахогенератори. Селсини: изведба и видови, принцип на работа. Линеарни мотори. |
||||||||
12. Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, лабораториски вежби, самостојна изработка на семинарска работа, учење со електронско опкружување. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 0 + 2 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
35 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
10 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
60 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
0 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
25 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
5 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
70 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Реализирани активности 15.1 и 15.2 | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (во времетраење од 120 минути). Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од двата парцијални испити или писмениот испит и лабораториските вежби | |||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Лидија Петковска | Микромашини | ЕТФ-Скопје | 1995 | ||||
2 |
Гога Цветковски | Практикум за лабораториски вежби по предметот Мали и специјални електрични машини | 2016 | |||||
23.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Фицџералд, Кинглси, Уманс | Електрични машини | Датапонс-Скопје | 2013 |