Мерна неодреденост и калибрација

Последна измена: јули 11, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Мерна неодреденост и калибрација
2. Код 4ФЕИТ03006
3. Студиска програма 15-ММК
4. Организатор на студиската програма (единица – институт, катедра, оддел) Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус
6. Академска година/семестар I/1 7. Број на ЕКТС-кредити 6.0
8. Наставник Д-р Владимир Димчев
9. Предуслови за запишување на предметот
10.

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, кандидатот се запознава со „Прирачникот за изразување мерна неодреденост“ и „Изразување на мерна неодреденост при калибрација“. Стекнува практични знаења за пресметување мерна неодреденост при калибрација на еталони и различни инструменти.

11.

Содржина на предметната програма: Запознавање со теоријата на мерна неодреденост според „Прирачникот за изразување на мерната неодреденост“ (GUM, 1995, ISO – Geneva) и „Изразување на мерната неодреденост при калибрација“ (ЕА-4/02, 1999). Објаснување на користените поими и дефиниции. Дефинирање на мерната неодреденост од тип А, Гаусова, Студентова и други дистрибуции на мерните резултати. Дефинирање на мерна неодреденост од тип Б и геометриски дистрибуции. Буџет на мерна неодреденост. Примери за примена на мерна неодреденост при калибрација на универзални инструменти, мерни отпорници и мерења на други физички величини. Објаснување како правилно се толкуваат спецификациите за грешки дадени од производителите на мерна инструментација. Евалуација на мерните резултати со Монте Карло методот. Примарни и секундарни еталони за напон, струја и отпорност. Калибрациска опрема, калибрација на дигитален мултиметар и осцилоскоп, автоматска калибрација. Спецификација на работни услови.

12. Методи на учење: Предавања, проектни задачи и самостојни вежби
13. Вкупен расположив фонд на време 3+3
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања- теоретска настава. 45
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториумски), семинари, тимска работа. 45
16. Други форми на активности 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење – задачи 30
17. Начин на оценување    
17.1. Тестови 30
17.2. Индивидуална работа/проект ( презентација: писмена и усна) 50
17.3. Активност и учество 20
18. Kритериуми за оценување (бодови/ оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
51 х до 60 бода 6 (шест) (E)
61 х до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и за полагање завршен испит
20. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
22. Литература
22.1. Задолжителна литература
Реден број Автор Наслов Издавач Година
1. BIMP – JCGM 100:2008 Evaluation of measurement data – Guide to the Expression of Uncertainty in Measurement JCGM – Joint Committee for Guides in Metrology 2008
2. European cooperation for Accreditation EA-4/02 – Expression of the Uncertainty of Measurement in Calibration European Accreditation 2013
3. C. F. Dietrich Uncertainty, Calibration and Probability Adam Hilger,  2 edition 1991