Мерни системи во електроенергетиката

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Мерни системи во електроенергетиката

Код: 3ФЕИТ03007

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Владимир Димчев

Цели на предметната програма (компетенции): Студентот се очекува да добие познавања за методите и инструментацијата користена за мерење на мерните величини во електроенергетските системи. Кандидатот ќе биде оспособен да користи современа инструментација која се користи во електроенергетиката и да може да ги евалуира и оценува добиените резултати.

Содржина на предметната програма: Вовед во обработка на мерни сигнали во електричните мрежи. Одбрани математички методи кои се користат кај современите дигитални анализатори за мерење на појавите во електричните мрежи. Мерење на квалитет на електрична енергија, приказ на соодветни стандарди. Дигитални инструменти и мрежни анализатори за мерење на параметрите кои го дефинираат квалитетот на електричната енергија. Методи за мерење на моќности, електрична енергија и фактор на моќност. Обработка на соодветните дигитални инструменти, грешки, резолуција, хардверска структура. Приказ на соодветните микропроцесори кои се користат кај овие инструменти. Пренос на мерни податоци до централните компјутерски системи, жичен и безжичен пренос. Примери на мерни системи во електроенергетиката. Методи за мерења на отпорот на заземјување и останатите параметрите назаземјувачките системи. Автономни микропроцесорски мерни уреди за мерење отпор на заземјување и специфична отпорност на тлото. Мерење на отпор на заземјување со автономен мерен уред и една или две струјни клешти. Мерни уреди за мерење на отпорот на заземјување на далноводни столбови.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 M.H.J. Bollen, I. Gu Signal Processing of Power Quality Disturbances Wiley – IEEE Press 7
2 IEEE/ANSI IEEE Std. 80-2000, Guide for Safety in AC Substation Grounding The IEEE 0
3 J. Schlabbach et all Voltage Quality in Electrical Power Systems IEE, London 1