Методи и инструментални техники кај квантитативна анализа на материјали

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Методи и инструментални техники кај квантитативна анализа на материјали

Код: 3ФЕИТ08014

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Вон. проф. д-р Лихнида Стојановска-Георгиевска

Цели на предметната програма (компетенции): Целта на овој предмет е вовед во современи аналитички техники кои се користат во истражувачките лаборатории за анализа на материјата. Од студентите се очекува да го подобрат своето знаење за теоретските аспекти, дизајнот и функционирањето на голем број инструменти кои се користат при анализа на физичките величини кои ја опишуваат материјата. Студентите ќе развијат аналитичко размислување преку препознавање и разбирање на предностите и недостатоците на инструменталните методи што се користат во зависност од материјалот кој се истражува.

Содржина на предметната програма: Теоретски аспекти на физичките методи за анализа на материјалите: сепарација, квалитативни и квантитативни оптички спектроскопски техники, масена спектрометрија, електроаналитички техники и површинска анализа, хроматографски, флуорометриски и електрохемиски методи. Вовед во принципот на работа и дизајнот на инструментите, подготовка на примероци од органски и неоргански материјали, квантитативна анализа, чувствителност и граница на детекција при мерење на физичките величини на супстрати, тенки филмови, течности, биолошки материјали, храна итн. Методи за тестирање при анализа на траги и откривање на резидуи, откривање на загадување и идентификација на непознати супстанции. Принципи на следливост, детектабилност и доверливост на резултатите. Запознавање со напредни аналитички инструменти или комбинација на техники, протоколи за тестирање според стандардни методологии (ISO, EN, BS, ASTM, DIN, итн.) со цел развивање на приспособени аналитички методи и валидација на методите за тестирање. Примена на методите за мерења во различни области: физика, технологија, електроника, физика на животна средина, безбедност на храна и соодветни индустриски апликации.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Helmut Günzler and Alex Williams Handbook of Analytical Techniques Wiley VCH 2002
2 Robert K. Boyd, Cecilia Basic, Robert A. Bethem Trace Quantitative Analysis by Mass Spectrometry John Wiley & Sons 2008
3 David Brandon and Wayne D. Kaplan Microstructural Characterization of Materials Wiley 2008